Екипата на Еурофарм Пелистер на првиот четвртфинален натпревар против Татран Прешов во регионалната СЕХА лига триумфираше убедливо со 37:29.
Данецот Себастијан Хенеберг беше еден од клучните играчи во битолскиот тим, имаше 100% реализација, постигна осум гола од исто толку обиди.
Искусниот ракометар беше задоволен од денешната игра против словачкиот шампион и смета дека заедно со неговите соиграчи треба да продолжат да играат во ист стил.
,,Одличен ракомет и фантастична победа, која ни помогна да направиме голем чекор кон пласман во следната рунда. Навистина добро го отворивме натпреварот, постигнувавме многу лесни голови и до крајот треба да играме со ваков стил на игра”, изјави Хенеберг.
Реванш средбата меѓу словачкиот шампион и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 10 април во Прешов, со почеток од 18:00 часот.