Репрезентативката на Норвешка, Хајди Локе на натпреварот против Јужна Кореја кој Норвежанките го добија убедливо со 36:25 настапи со скршен нос.
Ракометарката на Кристиансанд повредата ја заработи на првиот натпревар од втората фаза против Данска. На фотографиите кои ги објавија норвешките медиуми видливи се последиците од повредата, но тоа не ја спречи да се појави на терен.
Хајди Локе постигна пет погодока на мечот со Јужна Кореја. Според лекарот на репрезентацијата на Норвешка, Аха Фрохолдт со таква повреда без ризик може да се играат натпревари и без специјална маска. Како изгледа носот на Локе погледнете на следнава фотографија.
Фото: tv2.no