Хаос на трибините: Му се слоши на еден од навивачите, мечот беше во прекин половина час!

Екипата на Кил во натпревар од 6. коло од Бундес лигата на свој терен славеше убедлива победа против Хамбург со 12 гола разлика, 40:28.

Натпреварот не го одбележа ниту убедливата победа на „зебрите“, ниту пак слабата игра на некогашниот германски шампион, туку прекинот, кој траеше половина час.

Бундеслигашкиот дуел мораше да биде прекинат, откако на еден од гледачите на трибините му се слоши и мораше да реагираат медицинските лица, кои беа присутни на натпреварот.

Двата табора во моменти на неизвесност за состојбата на лицето, го напуштија теренот и чекаа добри вести во соблекувалните.

По 30 минути, навивачот се чувствуваше подобро и додека го изнесуваа надвор од салата, тој ја подигна раката, со што предизвика громогласен аплауз од сите навивачи.