ХАОС на терен: Навивачите ги тепаа гостинските ракометари (ВИДЕО)

Во рамки од 3. коло од шампионатот на БиХ, екипите на Босна Високо и Грачаница одиграа неизвесен натпревар до самиот крај, а на победа се радуваа ракометарите на Грачаница, кои со гол во последната секунда дојдоа до триумф од 31:30. Во моментите кога Грачаница ја славеше победата, навивачите на Босна Високо влетаа на теренот и ги нападнаа гостинските ракометари.