ХАОС во Сегедин – „Ние носиме маски, а другите гости шетаат полуголи низ хотел и јадат со нас“

Уште непочнато Европското првенство, а веќе репрезентациите учеснички имаат забелешки на организаторите во Унгарија и Словачка.

Конкретно во Сегедин, каде што ќе играат Франција, Србија, Хрватска и Украина, Французите се жалат на условите во хотелот каде што се сместени.

„Бевме шоккирани кога видовме дека други гости не носат маски и дека јадат на исто место заедно со нас“, изјави Никола Карабатиќ за „Л’екип“.

Француските репрезентативци кои имаа големи проблеми со коронавирусот и сега се чуваат максимално и се претпазливи, веќе упатија жалба до ЕХФ.

„Некои луѓе се шетаат полуголи во костими за капење. Во таква ситуација тешко дека ќе избегнеме нови позитивни случаи и не знам дали ова е одраз на непочитување кон играчите кои дале се од себе за да играат на ова натпреварување“, кажа голманот Венсан Жерар.

Ниту селекторот Гијом Жил не беше задоволен.

„Ова едноставно не е прифатливо“, изјави Жил.

Според информациите на „Л’екип“, ЕХФ веќе работи на корекција на организацискиот пропуст. Покрај Франција, во групата во Сегедин ќе играат Хрватска, Србија и Украина.