Во Дубровник се случи хаос на ракометниот натпревар помеѓу домашната екипа и Сесвете. Исходот беше 30:36 за ракометарите на Сесвете, но во спортската сала во Дубровник имаше немили настани, во кои беа инволвирани само домашни „актери“.
Се случи тепачка помеѓу лица од управата на Дубровник со еден од родителите на ракометар од истиот тим. Според зборовите на капитенот на Дубровник, Маро Дебелиќ, претседателот на клубот и кондицискиот тренер упатиле погрдни зборови кон еден од играчите, а на тоа реагирал неговите родители и пријатели кои биле на трибините.
„По мечот во кој седум, осум играчи се бореа за овој клуб, оставија срце на терен, ние гледаме вакви сцени. Претседателот на нашиот клуб и неговиот син, го нападнаа човекот што само нешто преговори и искоментира. А неговото константно навредување, сите овие години? Погледнете што направија, тепачка на терен, скандал! Дојде полиција, сите ќе дојдат. Ова е срамота! Ова е срамота за спортот во Дубровник! Што повеќе да кажам? Момци кои работат напорно таму, кои немаат земено плата една година, кои ги оставаат срцето, душата на терен. Институции, град, полиција, секој – работете нешто! Срамота!“, изјави капитенот на Дубровник, Маро Дебелиќ.
Морала да интервенира полицијата, а констатирани се повреди кај едно лице.