Тимот на ПСЖ денес соошшти дека Микел Хансен ќе биде надвор од терените четири до шест недели поради операција на коленото.
Данската ѕвезда медицинската операција ќе ја изврши во неговата земја, а потоа ќе се врати во Париз каде што ќе продолжи со рехабилитацијата.
Операцијата на Хансен ќе биде поради проблемите со десното коленото, а ПСЖ во консултација со својот стручен штаб и лекарскиот тим му дозволи на Хансен да отсуствува со цел да го реши проблемот кој го мачи подолго време.
Поради оваа операција Хансен би можел да го пропушти осминафиналето во Лигата на шампионите против Елверум, но се очекува со сигурност да помогне на тимот во четвртфиналето, секако ако клубот од Париз ја оправда фаворитската улога во осминафиналниот двомеч.
Ќе потсетиме Хансен на крајот на сезоната го напушта ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Данска во амбициозниот проект на Елверум.