Хановер и Кузмановски чекорат кон опстанок во Бундес лигата, ја добија драмата со Ерланген

Ракометарите на Хановер конечно се вратија на победите во Бундес лигата откако во драматичен натпревар беа подобри од Ерланген со еден разлика, 27:26.

Избраниците на Карлос Ортега со подобрата игра во второто полувреме ги освоија бодовите. Екипата на Ерланген во првите 30. минути беше во предност и успеа на полувреме да замине со позитива од два разлика, 16:14.

Сепак, во вториот дел, Хановер одигра одлично и во последните петнаесетина минути одржуваше предност од еден до три гола разлика. Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски на овој натпревар беше стрелец на еден гол, а главно играше во одбраната.

На табелата, Хановер моментално се наоѓа на 13. позиција со вкупно 30 бода. Екипата има шанса за пласман меѓу најдобрите 10 екипи во Бундес лигата, но за таа цел ќе треба до крајот нејзините ракометари да одиграат без грешка.

Сега Хановер има шест бода повеќе од Лудвигсхафен, кој има 24 и се наоѓа на 17. позиција, која не обезбедува опстанок во Бундес лигата.