Тренерското дуо кое го врати големиот Хамбург во Бундес лигата, Торстен Јансен и Блаженко Лацковиќ повторно добија продолжување на договорите.
Бундеслигашот информираше дека е постигната нова соработката со целиот стручен штаб на клубот.
Главниот тренер на екипата Торстен Јансен предвреме го продолжи договорот со Хамбург и во тимот ќе биде предводник најмалку до 2026 година.
Асистентот на Јансен и екс ракометар на Вардар, Блаженко Лацковиќ, како и тренерот на голманите Горан Стевановиќ со раководството на Хамбург се договорија на нова соработка, овој пат до 2025 година.
Торстен Јансен претходно работеше како тренер во младинските категории на Хамбург, а од 2017 година го презема првиот тим и обезбеди пласман во Бундес лигата.
Хрватот Лацковиќ веднаш штом заврши со играчката кариера во Хамбург ја доби функцијата помошник тренер.