Некогашниот лев бек на Металург, а сега на Нексе Нашице – Халил Јагањац, кон средината на октомври беше промовиран како играч на полскиот првак Келце.
Сепак тој нема да заигра за Келце, барем не во догледно време, откако беше решено да оди на позајмица во следните три сезони во германскиот Рајн Некар Левен. Потоа ќ му остане да одработи уште една година од договорот на четири сезони со Келце.
„Халил се развива добро, но искуството што ќе го добие во Бундес лигата ќе биде многу вредно за него во иднина. По разговорите со играчот и неговиот менаџер, решивме да го испратиме на позајмица“, вели претседателот на Келце, Бертус Сервас.
23-годишниот хрватски репрезентативец претходно играше и за ПСЖ, а беше и прв стрелец во СЕХА лигата во сезоната 2017/18.