Репрезентативката на Холандија која во декември стана светска шампионка на првенството во Јапонија, Естевана Плолман имаше непријатно искуство кога сакаше да се логира на својот Твитер профил.
Сосема неочекувано на нејзиниот Твитер профил се појавија текстви на арапски јазик. Исто така беше сменета и профилната слика на која стоеше слика од маж со карактеристична облека од арапските земји и знаме од Кувајт.
Девојката на фудбалерот Рафаел Ван дер Варт на својот Инстаграм профил ја сподели оваа информација и истакна дека е вознемирена од оваа случка и дека веќе работи да го реши овој проблем.
„Не го сторив тоа. Јас веќе не го користам Твитер профилот и сè уште сум нервозна. Сакам сите да знаат дека содржините не се мои. Се обидуваме да го решиме проблемот“, напиша на Инстаграм Естевана Полман.
Профилот на Полман веќе е исполнет со арапски текстови на кои има и коментари исто така на арапски јазик. Очигледно оној кој го пробил профилот на ракометарката продолжува да го користи како свој.