Една од најдобрите ракометарки на десната крилна позиција Натали Хагман денес на пријателскиот натпревар против Данска во рамки од ЕХФ неделата прослави свој јубилеј.
Дуелот против Данска за Хагман ќе остане во најдобро сеќавање, бидејќи заокружи 200 одиграни натпревари за својата татковина.
Искусната ракометарка иако има 31 година, сепак, игра во одлична форма. Денес Хагман беше на висина на задачата и со шест погодоци ја предводеше својата репрезентација до победа од 34:30.
Хагман од 2009 година е дел од репрезентацијата на Шведска. Во 2010 година на Светското првенство во Данска се радуваше на сребрениот медал, а четири години подоцна, односно на Европското првенство во Унгарија и Хрватска, заедно со своите репрезентативни колешки стигнаа до бронзата.
На Олимписките игри во Бразил (2016) и Светското првенство во Германија (2017) беше прогласена за најдобро десно крило.
Швеѓанката на Светското првенство во 2021 беше најдобар стрелец со 71 гол и имаше перфекна реализација на Мундијалот од 78%.