После одигрувањето на реванш натпреварите од четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите познати се четирите учесници кои во Келн ќе се борат за титулата Европски шампион.
Тоа се Веспрем, Келце, Кил и бранителот на титулата Барселона. Претстојниот фајал-фор ќе биде реприза на оној во 2015 година кога настапија истите четири екипи а победник беше Барселона која го совлада Веспрем во финалето.
Три од екипите кои ќе играат веќе го имаат подигнато пехарот, тоа се Барселона со десет трофеи, Кил кој има четири титули и Келце кој еднаш бил европски шампион. Единствено Веспрем досега нема освоено титула во ЛШ.
Ова ќе биде десетти настап на Веспрем на завршниот турнир и ќе се обиде да стигне до првата титула. До сега унгарсиот тим има четири порази во финалињата меѓу кои е и поразот од Вардар во финалето во 2019 година.