Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за полуфиналните и финалните натпревари на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Во Келн годинава нема да биде ниту Вардар, а нема да бидат ниту нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Полуфиналето меѓу ПСЖ и Барселона ќе го судат Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик, додека мечот меѓу Веспрем и Кил им е доверен на Шпанците Марин и Гарсија Серадиља.
Двобојот за третото место ќе го судат Црногорците Ражнатовиќ и Павичевиќ, додека финалето е за Хрватите Губица и Милошевиќ.
Сепак тука ќе биде делегатот Драган Начевски, како втор претствник на Македонија по Дејан Манасков, кој настапува за Веспрем.
Покрај Начевски делегати на Ф4 ќе бидат уште и Виктор Поладенко од Русија, Германецот Франк Булхоф и Данецот Јан Кампман.
Завршниот турнир ќе се игра во „Ланксес Арена“ во Келн на 28 и 29 декември.