Во финалето на Мундијалот за жени во Јапонија ќе играат Холандија и Шпанија, откако Шпанките помалку изненадувачки беа убедливо подобри од селекцијата на Норвешка и славеа со 22-28.
На полувреме беше нерешено, 13-13, но во вториот дел “фуријата” уште на самиот старт се одлепи на висока позитива и до крајот само рутински го чуваше водството.
Кабрал даде седум гола, а Родригез шест за шпанската репрезентација, додека Аун погоди пет пати за Норвешка, која со Русија ќе се бори за бронза.