Пред своите навивачи во Гевгелија, Партизан дојде до победа во првиот натпревар од сезоната во Првата лига против Борец со 29:24. Покрај 53 постигнати погодоци, на овој натпревар беа доделени четири црвени картони, од кои три беа за домашната екипа и еден за гостинот од Велес.
Ракометарите на Зоран Кајтазов имаа солидно отворање на натпреварот и ефикасна игра преку своите напади. Партизан во текот на првото полувреме водеше и со пет гола разлика, но гостинскиот состав од Велес успеа да намали дел од предноста на домаќинот и на полувреме да има два негатива, 12:14.
Во вториот дел екипата на Партизан се одлепи на пет разлика, 18:13, и се очекуваше дека лесно ќе стигне до бодовите. Борец преку расположените, Миленков, Атанасовски и Андоновски успеа да се врати во игра откако намали на минус еден, 20:21.
Партизан во последните десетина минути успеа да ја сочува својата предност, не му остави поголем простор на противикот за можен камбек и ја зголеми разликата за конечни плус пет.
Димитар Узунчев ја предводеше листата на стрелци во Партизан со осум гола, а по седум постигнаа Тодор Узунчев и Горан Лисичков. На спротивната страна, Кирил Миленков беше најефикасен со девет гола.