Натпреварот против Кил, екипата на Фуксе Берлин, в недела ќе го игра во специјално дизајнирани дресови од „Пума“ со кои ќе испрати порака за мир во Европа.
Дресовите се веќе објавени, а управниот директор на клубот Боб Ханинг даде и изјава за медиумите.
„За нас е важно преку нашите бои да испратиме порака за мир. Војната не е алтернативан а дијалогот ме боли кога гледа како страдаат другите. Фуксе Берлин испраќа порака за прекин на она што се случува во Украина“.
Специјалните дресови со кој Фуксе Берлин ќе го игра овој натпревар по натпреварот ќе бидат ставени на аукција, а парите од аукцијата ќе се донираат во хуманитарни цели.
„Запрепастени сме од бруталниот напад на цивилното население во Украина од страна на претседателот Путин. Испраќаме апел до Владимир Путин веднаш да стави крај на оваа страшна војна“, порача претседателот на клубот Франк Штефел.