Тимот на Фуксе Берлин направи кикс што може да го чини титула во Бундес лигата, откако загуби кај Штутгарт во 28 коло.
„Лисиците“ загубија со 32-28, а голманот Виктор Киреев доби црвен картон уште во 12 минута поради фаул надвор од шесте метри, па без него и Милосављев кој е повреден, Фуксе не можеше да направи ништо повеќе.
Кил немаше проблеми на гости кај Рајн Некар и славеше со 31-27, а лидер беше Сандер Сагосен со седум гола.
Магдебург не виде мака на гостински терен кај Ерланген и победи со 38-23, додека Хамбург го победи Минден со 35-31.
На табелата сега води Кил со 45 бода на 27 меча, додека Магдебург е втор со исто толку, но со меч повеќе. Трет е Фуксе Берлин со 43 бода од 27 натпревари.