Фудбалерот Филип Ивановски ја бодри Македонија во Полска (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација денес со почеток од 18:00 часот го игра натореварот од второто коло на Светското првенство против репрезентацијата на Холандија.

Поразот од Норвешка е комлетно заборавен и сите мисли се насочени кон тоа како да се совлада Холандија и израдува целокупната македонска јавност.

Македонските ракометари како и секогаш кога се работи за некое големо натпреварување имаат огромна помош од навивачката фаланга, која од сите краеви на Македонија и светот е пристигната во Краков.

Како дел од навивачката поддршка во Полска е и поранешниот македонски фудбалски  интернационалец и репрезентативец Филип Ивановски, кој заедно со својата сопруга ги ќе ги бодри „црвено-жолтите“ од трибините.

Ивановски голем дел од својата интернационална кариера го помина токму во Полска, како член на Дискоболија и Полонија Варшава, па оваа земја му е останата во убаво сеќавање на фудбалерот.

Овојпат Ивановски во улога на навивач ќе се обиде да им донесе среќа на македонските ракометари кои вечерва пред себе нема да имаат нималку лесна задача против Холандија.

Натпреварот се игра во Таурон Арената во Краков со почеток од 18:00 часот, а правдата ќе ја дели судиската двојка од Шведска Куртагиќ-Ветервик.