Тимот на Ференцварош, кој своевремено играше во финалето на Лигата на шампионите против Кометал Ѓорче Петров, долги години се обидува да излезе од сенката на неприкосневениот Ѓер.
Во последните неколку сезони, тоа тешко му оди, но се чини дека овој тим следната година ќе има тим за повисоки дострели и на домашно и на европско тло.
Двете германски репрезентативки Алисија Столе и Емили Болк, кои се меѓу најдобрите млади ракометарки во Европа, потпишаа двегодишни договори со унгарскиот вицепрвак, па тренерот Габор Елек ќе има одлична бековска линија.
Претходно и средниот бек Анико Ковачич го продолжи договорот на уште две сезони, па Ѓер ќе има силен ривал во битката за титулата.