По репрезентативната пауза, на сцена се враќа Лигата на шампионите и настапите на Вардар и Еурофарм Работник во елитната конкуренција.
Вардаци ќе се соочат со белорускиот првак Мешков Брест, додека Еурофарм Работник патува за Словачка, каде ќе се сретне со словачкиот Татран Прешов.
ЕХФ ги делегираше арбитрите за натпреварот во Прешов, а тоа се Французите Карим и Рауф Гасми, додека делегат е Јанко Пожежник.
Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Работник се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.