Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на Европа.
За натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер што ќе се одигра во вторник од 18:45 часот, се делегирани француски судии.
Станува збор за Калид Сами и Саед Бунуара, додека делегат на овој дуел е Австриецот Рајзигер.
Битолчани загубија со убедлив 24-32 на првиот натпревар во Битола и практично немаат шанса за пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.