Поранешниот француски репрезентативец Лук Абало ја заврши кариерата на 38-годишна возраст.
Неговиот клуб Зекстар Токио, каде што ги мина последните две сезони, ја објави информацијата за крајот на карирата.
Десното крило е дел од генерацијата на Никола Карабатиќ и Мишел Гигу, со која освои по три злата на СП и на ОИ.
Абало потекнува од Иври, играше за Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, осум сезони беше дел од ПСЖ, пред да одигра една сезона во норвешкиот Елверум и да замине во Јапонија.