Францускиот ракометар Баптист Бонфон кој пред една недела го напушти Мешков Брест заедно со уште неколку странци поради ситуацијата во Украина во интервју за „Midi Libre“ збоуваше што прави сега.
Бонфон лани беше пред потпис со македонскиот шампион Вардар, но замина во Белорусија. Тој сега потврди дека тренира со тимот на Монпелје, но тоа не значи дека таму ќе ја продолжи кариерата.
„Се вратив дома во Лион. Мојот договор со Брест е со важност до летото 2023 година, но може да се раскине со помош на ЕХФ. Раководството на Монпелје разговараше со мене и ми понудија да тренирам во клубот додека пронајдам нов клуб. Ја прифатив нивната понуда, не знам дали ќе се вратам во Монеплје или ќе продолжам на друго место. Во овој момент сум без клуб“, изјави Бонфон.
Мешков Брест покрај Бонфон го напуштија тренерите Даниел Гордо и Нуно Фарел, како и ракометарите Јака Малус, Павел Пачковски и Владимир Врањеш.