Репрезетнацијата на Франција ја оствари втората победа на Еворпското првенство откако премногу лесно и убедливо ја совлада репрезетнацијата на Украина со 36:23.
Франција постојано доминираше на натпреварот, уште од почетокот ја имаше предноста. После 12. минути игра беше 8:4 за Французите кои со сигурна игра до крајот на полувремето обезбедија водство од 17:11.
Во продолжението на натпреварот Украина немаше никакви шанси да се врати во игра. Французите доминираа и го полнеа голот на противникот за на крај многу убедлив триумф кој веројатно значи пласман во главната рунда.
Во последното трето коло Франција за противник ќе ја има Србија, додека Украина ќе игра против Хрватска.
Најефиаксен во тимот на Франција беше Дилан Наи со пет погодоци, а во составот на Украина со седум гола Хориха беше најефикасен.
ЕП 2022, ГРУПА Ц – ТАБЕЛА