Репрезентативките на Франција остварија уште една победа на Европското првенство и го потврдија пласманот во полуфиналето. Фанцузинките беа поуспешни од Шведска со 31:25.
Франција во првиот дел имаше многу проблеми со Швеѓанките, до резултат 8:8 се играше максимално израмнето со минимални водства на двете страни. Стромберг погоди двапати за 10:8 за Шведска.
Следуваше погодок на Кујате за 9:10, но Шведска уште еднаш постигна два последователни гола и стигна до највисокото водство на натпреварот од три гола во 22 минута, 12:9. До крајот на првиот дел Французинките ја стигнаа негативата и по 30 минути беше 14:14.
Во второто полувреме сликата на теренот беше многу различна, Франција отвори со 3:0 и без проблеми го одржуваше водството. Во 48 минута Минко погоди за највисоко водство на Франција од пет гола 26:21. Во последниот дел од натпреварот без поголеми проблеми Франција стигна до победата.
Најефикасни во репрезентацијата на Франција беа Естел Минко со шест погодоци и Александра Лакрабер со пет гола. За репрезентацијата на Шведска по четири гола постигнаа Робертс, Гулден и Линдквист.