Олимпискиот првак Франција со победа ја заврши групата од главната фаза откако вечерва во дуелот со Шпанија славеше со 28:26. Со овој триумф Французите го освоија првото место во групата по победата над директниот ривал Шпанија, која истотака ќе биде четвртфиналист, но од втората позиција. Франција натпреварот го одигра без Никола Карабатиќ, а во тимот беше Дика Мем.
Резервиран почеток имаше и дуелот во Краков, каде на Франција и одговараше и нерешен резултат. Со таков почеток двете селекции се менуваа во водство до резултатот 6:6. На средина од првиот дел Франција со серија од 3-0 поведе со 9:6, но „црвената фурија“ се врати брзо на 9:9 со еден гол од седмерец и два од контри. Франција повторно се обиде да се одлепи, а по водството од 11:9 Шпанија стигна до изедначување од 12:12. На полувреме беше 13:13.
Вториот дел подобро го почнаа Шпанците и први имаа повисоко водство 19:16. Франција постепено го намалуваше водството на ривалот и успеа да изедначи на 22:22 во 45.минута, а набрзо потоа и да поведе со 24:23.
Во 53.минута Франција поведе и со два разлика 26:24, па следуваше тајм аут за Шпанија. „Црната дупка“ за шпанските ракометари траеше од 49.минута што значи немаа постигнато гол десет минути, до 25.тиот на Македа во 59.та минута.
Голманот на Франција Жерар дуелот го заврши со 16 одбрани, а по четири голови постигнаа Ремили, Мем, Брие и Мае. Најефикасен на дуелот беше Шпанецот Хименез со 7 голови.
Натпреварот го судеа македонски судии Начевски и Николов.