Првите два дуели од последното коло на женскиот турнир на Олимписките игри донесе еден очекуван и еден изненадувачки резултат откако Франција ја совлада селекцијата на Бразил со 29:22, а Кореја ремизираше со Ангола со 31:31.
Победата на Французинките значи дека тие си го запечатија местото меѓу најдобрите осум и во четврт-финалето влагаат како третопласирани од Групата Б. Тие одработија добра средба после која само потврдија дека ќе бидат сериозен ривал за секого без разлика кој ќе биде ривалот во четврт-финалето.
Јужна Кореја и Ангола имаа израмнет натпревар и надигрување од 60 минути, а нијанси решаваа. И во тие нијанси немаше предност за никого така што на крајот дојде до поделба на пленот. Првото полувреме беше за Ангола со 17:16 додека, Кореја ги доби вторите 30 минути со 15:14.
Ова значи дека Корејките ќего чекаат епилогот од последниот натпревар денеска меѓу Норвешка и Јапонија за да знаат дали одат во елиминациите. Доколку Норвешка ја победи Јапонија тогаш тие одат како четвртопласирани и ќе имаат дуел против Шведска. Во спротивно тука може да има различен распоред за 4. позиција во Групата А.