Франција доживеа дебакл на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка што беше причина Дидие Динар да биде сменет од селектроската позиција, а беше заменет со неговиот помошник Гијом Жил.
Тренерскиот тим предводен од Жил најверојатно ќе го комплетираат Ерик Мате и Оливие Морели каде што помошник тренер ќе биде Мате, додека Морели ќе биде кондиционен тренер.
Во овој моемент Мате е тренер на Шамбери, но официјалните претставници на нациналниот тим се во преговори за негов ангажман. Морели сè уште ја нема прифатено понудата но наскоро се очекува негова потврда да се приклучи на репрезентациајата како кондиционен тренер.
Овој тим од тренери би требало да ја предводи Франција на претстојните квалификации за Олимписките игри во Токио на кој ќе играат против Хрватска, Португалија и Тунис.