Репрезентацијата на Франција ќе биде ослабена на Европско првенство, откако кружниот напаѓач Лука Карабатиќ заработи повреда на последниот меч од Лигата на шампионите против Барселона и ќе мора на пауза.
По деталните лекарски прегледи, утврдена е дислокација на прстот на десната рака, а поради тоа неопходно е врз искусниот ракометар да биде извршен хируршки зафат.
Препорачаната пауза од лекарите е најмалку шест седмици, а тоа значи дека Карабатиќ нема да да настапи на ЕП 2020.
Франција ќе игра во групата Д на континенталниот шампионат, заедно со Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.