Франција во проблеми – без Елохим Пранди на Мундијалот!

Репрезентативецот на Франција, Елохим Пранди, нема да може да настапи на Светското првенство во Египет поради сериозна повреда на десното рамо.

Левиот бек на ПСЖ повредата ја заработи на квалификацискиот натпревар против Србија во Зрењанин. Лошата вест младиот ракометар ја потврди на својот инстаграм профил.

Негова замена на левата бековска позиција ќе биде ракометарот на Ним, Жан Жак Аквило, кој веднаш доби повик од селекторот Гијом Жил.

Франција ќе игра против Норвешка, Австрија и Соединетите Американски Држави на Мундијалот кој започнува на 13 јануари.