На првиот натпревар на Македонија на Европското првенство не изостана поддршката од фалангата која е верна на големите натперварувања. На трибините доминираше црвено-жолтата боја и беше дополнителна помош во текот на целиот меч.
Пикерот Стојанче Стоилов имаше поддршка од најмладиот фан на овој натпревар, на трибините беа неговата сопруга и синот. А после завршување на натпреварот Стоилов ги поздрави своите навивачи.