Екипите на Шампион и Скопје 2020 одиграа интересен натпревар за финиш на сезоната во плеј-офот во Првата машка лига.
Гостите со победата од 30:26 се изборија за првото место и за директен пласман во Супер лигата.
Тренерот на Скопје, Андријана Будимир, стана првата жена тренер што го освоила победничкиот пехар во прволигашката конкуренција.
Од идната сезона ќе биде и првата жена тренер што ќе води екипа во машата суперлигашка конкуренција.
Некогашната ракометарка на Кометал ЃП, Напредак, Валенсија, Шлагелсе…веќе остава свој тренерски белег и во македонскиот ракомет.