Репрезентацијата на Македонија иако загуби на првиот меч на Европското првенство од Словенија со 25:27 покажа дека има квалитет и иднина. Иако беше забележително неискуството на младите во одредени ситуации сепак покажаа дека можат да преземат одговорност.
Особено квалитетен настап имаше левото крило Цветан Кузманоски кој доби шанса од првата минута на теренот и ја оправда во целост довербата на Лазаров. Кузманоски беше најефикасен на натпреварот со осум гола и перфектна реализација од седум метри.
Кузманоски блесна и со многу емоции го прославуваше секој погодок за националниот тим. Иако еден од најмладите покажа со какви емоции и посветеност игра за својата земја. Во следните фотографии се доловени некои од реакциите на младото лево крило.