Неколку Ракометни федерации прогласија крај на сезоната поради пандемијата од Корона вирусот, а со тоа добар дел од ракометарите порано од предвиденото останаа без работна задача, па сега се отвори нов проблем. Што ќе се случи со платите на овие ракометари и ракометарки кои имаат важечки договори со своите тимови.
Постои опасност дел од нив да останат и без две до три плати што секако нема да наиде на одобрување.
Оттаму Форумот на ракометните клубови се огласи на оваа тема. Ова е форум во кој се наоѓаат клубови гиганти кои се дел од Лигата на шампионите во последните години, па тука се и тимовите од Македонија како Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер…
Дефинитивно прекинот влијае негативно, но целата ситуација со Корона вирусот влијае на комплетниот живот на луѓето. Оттаму се даваат предлози како најбезболно да се завршат сите работи до крајот на сезоната. Затоа се предложени неколку мерки.
„Бордот на ракометни клботи го предлага конкретниот предлог за намалување на платите до 30 јуни 2020. Финансиските состојби се различни за различни држави, нашата прелиминарна калкулација покажува дека ракометарите ќе мораат да се откажат од една месечна плата. Последните четири плати (март, април, мај и јуни) можат да се намалат за 75% кај помоќните (50% кај помалите клубови) или последната плата за јуни воопшто да не биде исплатена. Се надеваме дека оваа препорака ќе служи како фер-плеј за преговори меѓу вашиот клуб и вашите играчи за периодот до јуни 2020“, стои во соопштението.
Што и како ќе се случува ќе се види после поминувањето на кризата и актуелната ситуација.
Според она што клубовите го добија треба да пресметаат колку со оваа пауза им се намалија приходите, а колку трошоците. Се предлага да се земе предвид и фактот дека голем дел од клубовите не се во можнос да исплатат плата според вообичаението тек и дека мораат да преземат драстични мерки. Оттаму се бара разбирање од двете страни и систем 50:50 за платата на играчите односно намалување до 50 проценти.