Екипата на Флензбург во битката за титулата во Бундес лигата мораше да донесе нов играч и тоа на позицијата десен бек бидејќи првиот избор за тоа место, Норвежанецот Магнус Ред се повреди на Европското првекство.
Ред го повредис тапалото и поради тоа ќе мора да биде надвор во следните три месеци. Тоа значи дека во најдобра ситуација би се вратил на терен некаде на крајот на април, кога веќе може да биде доцна.
Затоа раководството одлучи да ангажира ракометар до крајот на сезоната, а замената за Ред ја пронајде кај соседот Хамбург. Доаѓа искусниот Јенс Шонгарт, кој во својата кариера досега има играно за други тимови од Бундес лигата како Гепинген, Мелзунгер, Линек и Магдебург.