Во 7. коло од Лигата на шампионите екипите на Флензбург и Мешков Брест одиграа многу интересен и неизвесен натпревар до самиот крај, а во завршницата составот од Германија успеа да постигне гол за реми. Настап денеска со својот Веспрем имаше и Дејан Манасков кој од гостувањето кај Алборг се враќа со три гола и победа од 33:27.
Драматичниот дуел во Германија помеѓу Флензбург и Мешков заврши без победник иако домаќините имаа предност во поголемиот дел од мечот. Мешков Брест поведе на почетокот со 3:1, а потоа домашниот тим го диктираше резултатот и на полувреме имаше предност 13:11.
И во продолжението од натпреварот составот на Фленбург се чинеше дека го води натпреварот кон победа. Сепак, Мешков Брест во завршницата успеа да израмни, а со голот на Баранов на две минути до крај од седум метри и да поведе. На десет секунди до крај Мешков имаше водство, но Семпер во последниот напад донесе реми за Флензбург.
Веспрем и Дејан Манасков имаа успешно гостување во Данска откако славеа победа од 33:27 после пресврт во вториот дел. На полувреме Алборг имаше водство од 18:16, но во продолжението доминираше гостинскиот тим. Вториот дел Веспрем го доби со 17:9 за вкупна победа на крај. Дејан Манасков настапи и постигна три гола од пет обиди.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
ГРУПА А
ФЛЕНЗБУРГ – МЕШКОВ БРЕСТ 29:29 (13:11)
ПОРТО – ПСЖ 31:34 (16:12)
ЧЕТВРТОК, 19 НОЕМВРИ
18:45ч
ВАРДАР – КЕЛЦЕ
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
ПИК СЕГЕД – ЕЛВЕРУМ
ГРУПА Б
АЛБОРГ –ВЕСПРЕМ 27:33 (18:16)
20:45ч
ППД ЗАГРЕБ – МОТОР
ЧЕТВРТОК, 19 НОЕМВРИ
18:45ч
КИЛ – БАРСЕЛОНА
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
НАНТ – ЦЕЛЈЕ