Словенечката репрезентаивка Елизабет Оморeги која е играч на ЧСМ Букурешт го продолжи договорот. Новиот договор на ракометарката која може да покрие и на лев и на центален бек е со важност до 2021 година.
И покрај тоа што има многу гласини дека екипата е во финанскиска криза и исплатите на ракометаките доцнат, сепак, Оморeги одлучи да продолжи уште една година во составот од Романија.
Елизабет Оморeги пристигна во ЧСМ Букурешт во 2018 година од екипата на Крим каде што настапуваше од 2014 година. Ракометарката која има 23 години е родена во Атина, а има настапувано за репрезентациајта на Бугарија од 2015 до 2017 година, додека од 2019 година е репрезентативка на Словенија.