Клубовите кои се дел од Асобал лигата добиваат финансиска помош од два милиони евра во борбата со последиците од пандемијата на коронавирусот.
Тимовите кои се дел од лигта во сезоните 2019/20 и 2020/21 ќе можат да ги поделат овие два милиони евра кои ги доделува Врховниот спортски совет на Шпанија.
Целта е да се ублажи огромното економско влијание од пандемијата на коронавирусот. Со овие средства клубовите ќе можат да надоместат дел од загубите настанати од неможноста да се продаваат билети за натпреварите и сезонски билети, како и трошоци настанати како резултат на спроведување на мерките и протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.
Се очекува парите да се најдат на сметките на клубовите до крајот на оваа година.