Денеска во Виена се одржа ждрепката за полуфиналните двојки на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Финале пред финалето ќе биде двобојот меѓу актуелниот европски првак Барселона и германскиот Кил, кој ќе има сигурно многу навивачи во Келн.
Во второто полуфинале ќе се сретнат унгарскиот Веспрем и полскиот Келце, а тоа ќе биде реприза на финалето од 2015 година.
„Ланкес Арена“ и градот Келн повторно ќе бидат домаќини на најдобрите четири машки екипи во елитното натпреварување.
Натпреварите ќе се играат на 18 и 19 јуни.