Финале за македонските судии Начевски и Божиновски

Македонија има одлични судии, а доказ за тоа е номинацијата на Виктор Начевски и Даниело Божиновски за финалниот дуел од ЕХФ шампионат за играчи до 19 години што се одржува во Варна, Бугарија.

Тие ќе бидат суди на дуелот меѓу Фарски Острови и Белорусија.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 18:00 часот.

Победникот од дуелот ќе се пласира на ЕХФ Еуро првенството, а поразениот ќе игра квалификации.