На промоцијата на автобиографијата на Кирил Лазаров имаше неколку говорници кои зборуваа за кариерата и животот на најдобриот ракометар на Македонија. Сите имаат свои моменти кои се интересни и заслужуваат да се одбележат.
Неговиот брат Филип Лазаров секако има најмногу за споделување.
„Ако Кире вели дека сум бил поталентиран од него тогаш треба да му веруваме. Тоа се негови зборови и ја го прифаќам тоа. Меѓутоа, тој за мене секогаш беше идол. Уште не сум ја прочитал книгата и чекам со нетрпение. Вистина е тоа дека кога бевме помали и кога му се спиеше на Кире тогаш дома сите мораа да спијат. Кога не му се спиеше тогаш ниту другите не можеа да спијат“, коментираше помалиот од браќата Лазарови.
Голема благодарност за она што е денес имаше и од Стојанче Стоилов.
„Со Кире не го гледаме светот и спортот исто и не се согласуваме. Меѓутоа Кире ми ја даде најголемата поддршка кога требаше и без него немаше да бидам она што успеав сега. Да бидам играч каков што сум денеска“, рече Стоилов на денешната промоција на автобиографијата на Кирил Лазаров.
На промоцијата се и сите репрезентативци, а присутни и голем дел од другите ракометари и ракомтни работници.
Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“!