Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров кој од оваа сезона е прв тренер во составот на Интерактив, може да стигне до голем успех на стартот на тренерската кариера.
Интерактив во една од регионалните лиги на Германија го има првото место и на 24 натпревари досега нема ниту еден пораз.
Германскиот тим на последниот натпревар славеше на гостински терен кај Рајнвахт Дислакен со 42-27 и остана на врвот на табелата со 45 бодови, пред второпласираниот тим Коршенбруих со 42.
Пред Интерактив и Лазаров се уште два меча против четврто и петтопласираниот тим на табелата за заверка на првото место и разигрување за место во Третата лига.