Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски го имаше своето деби за новиот клуб, бундеслигашот Вецлар.
Тој постигна еден погодок од два обиди на тешкото гостување на Вецлар кај Фуксе Берлин, а неговиот тим загуби со 29-25.
Велцар одржуваше резултатска рамнотежа дваесетина минути во мечот, потоа Фуксе се одлепи на плус три, а на пауза беше 12-10.
Во второто полувреме Вецлар израмни на 17-17, но тогаш „лисиците“ нагазија и до крајот не ја испуштија предноста.
Најдобри стрелци кај победникот беа Гидсел и Вујовиќ со по седум гола, а Милосављев имаше 10 одбрани. Кај Вецлар пет пати погоди Јовица Николиќ.