Некогашниот ривал на Кометал ЃП, тимот на Ференцварош, во следната сезона ќе има нов тренер.
Имено, досегашниот тренер на екипата Габор Елек, кој го предводи некогашниот европски вицешампион 15 години, на лето ќе го напушти клубот. Двете страни спогодбено се договориле за прекин на соработката.
Искусниот тренер во Ференцварош пристигна во 2007 година, а од 2008 година самостојно ја води екипата. Под негово водство тимот од унгарската престолнина трипати го освои трофејот во домашниот Куп и двапати националната титула.
Како евентуална замена за Елек се споменува името на екс тренерот на Вардар, Урош Брегар, кој моментално е селектор на женската репрезентација на Србија. Словенецот го предводи женскиот тим на Шиофок, но како што е веќе познато, поранешниот унгарски вицешампион во следната сезона ќе прави целосна реконструкција.
Ференцварош во оваа натпреварувачка сезона за првпат обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Во претходните сезони клубот во елитното европско натпреварување успеваше да стигне до осминафинале, односно четвртфинале.