Дека годините не се важни ни покажува една прекрасна спортска приказна од Петрињa.
Имено, клубот кој се натпреварува во третиот по ранг хрватски ракомет поради изостанување и повреди на голем број играчи за натпреварот против Мароф мораше да ангажира еден свој тренер. Зоран Блажевиќ кој има 59 години застана на голот во официјален натпревар.
„Кога бев дете тој имаше скоро 40 години и се врати од Германија. Тогаш на играчите им фаќаше живи топки на тренинг. Пред некој ден застана на голот на еден тренинг и повторно факаше живи топки“, изјави за „РТЛ“ еден од ракометарите на Петриња.
Она што е интересно е што голманскиот тандем заедно со Блажевиќ го правеше младиот голман Давид Брндариќ кој има само 15 години. Блажевиќ не само што застана голот туку и собра 12 одбрани. Натпреварот заврши со реми, а овој господин сигурно може да биде пример за многу спортисти.