Федерацијата ги исфрли од лигата, правдата ќе ја бараат на суд!

Откако Ракометната федерација на Данска означи крај на првенството и ги прогласи шампионите и екипите кои испаѓаат, се појавија и првите несогласувања од страна на екипите.

Првиот чекор го прзема женскиот тим на Алборг кој според ситуациајта на табелата испаѓа од лигата, а раководството најави дека ќе ангажира адвокат и ќе ја побара правдата на суд.

Управата на клубот не се согласува со ваквата одлука затоа што Алборг беше на само еден бод зад екипата која остана во лигата и според нив имале реални шанси за опстанок.

„Никаде во правилата не пишува што се прави при прекин на првенството. Тешко е да се прифати ваквата одлука. Не можеме да го испорачаме тоа што го ветивме на нашите спонзори, тренери, играчи и волонтери. Најверојатно ќе се жалиме до Апелациониот суд бидејќи имавме реални шанси за опстанок“, рече претседателот на Управниот одбор на клубот, Ерик Педерсон.

Есбјерг во женска конкуренција и Алборг во машка конкуренција се новите шампиони на Данска после прекинот на првенството заради коронавирусот.