Селекцијата на Фарски Острови го заврши Светското првенство за младинци на седмата позиција.
На списокот на победени фаворити сега е и селекцијата на Хрватска, која беше совладана со 31-27.
По првиот дел Фарски Острови водеа со 16-14, а во вториот дел ја задржаа и зголемија предноста до конечна победа.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Рои Елифсен а Скипаготу со пет гола, додека кај Хрватска се истакнаа Раужан и Шестак со по пет погодоци.
Во битката за петто место ќе играат Данска и Португалија, за третото место ќе се борат Србија и Исланд, додека за злато ќе се соочат Германија и Унгарија.