Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер откако пристигнаа во Ирун го одработија првиот тренинг пред утрешниот натпревар против Бидасоа и се запознаа со салата каде што ќе се игра натпреварот.
Избраниците на Ларс Валтер утревечер ќе излезат на мегдан за трета победа во Лига на Европа.
Битолскиот тим во досегашниот тек од сезоната во второто по ранг европско натпреварување триумфираше против Агуаш Санташ и Мотор Запорожје и беше поразен од Архис и Фуксе Берлин.
Шпанскиот тим, исто како и ,,фарацевтите” забележа две победи и доживеа два порази.
Дуелот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.