„Фармацевтите“ со ист рецепт за успех, Бутел допрва ќе „остри“ нишани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”138848″]

Битолски Еурофарм Пелистер не знае за пораз веќе шест натпревари пред стартот на новата сезона. Избраниците на Жељко Бабиќ го совладаа тимот на Бутел Скопје со убедливи 23-36 и си ја зголемија самодовербата уште повеќе и по двата триумфи над Вардар. Бутелци ќе мора да ја подобрат играта, доколку сакаат успех на двомечот со Ѓенѓеш во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.